Нашата приказна

За нас

Запознајте го тимот посветен на вашето здравје и благосостојба.

Коректива студио

3+

Години искуство

За нашето студио

Нудиме целосен опсег на третмани за вас

Коректива е основана со една едноставна визија — да создадеме простор каде здравјето и благосостојбата се на прво место. Нашиот тим комбинира традиционални техники со модерни научни сознанија.

  • Персонализиран пристап за секој клиент
  • Дипломирани физиотерапевти со долгогодишно искуство
  • Сертифицирани Шрот терапевти
Наши вредности

Принципите кои нè водат

Професионалност

Секој третман го изведуваме со најголема посветеност и стручност. Постојано се усовршуваме и следиме современи практики.

Посветеност

Вашето здравје е наша мисија. Секој клиент добива индивидуално прилагоден план прилагоден на неговите потреби.

Резултати

Работиме ориентирано кон резултати. Следиме напредок и ги прилагодуваме третманите за оптимално подобрување.

500+ Задоволни клиенти
10+ Години искуство
9 Типови третмани
4 Стручни терапевти
98% Позитивни оценки
Флексибилно закажување
500+ Задоволни клиенти
10+ Години искуство
9 Типови третмани
4 Стручни терапевти
98% Позитивни оценки
Флексибилно закажување
Нашиот тим

Запознајте ги нашите стручњаци

Стефанија Стојанова

Личност која секојдневно ги спојува стручноста, искуството и човечкиот пристап. Од масажи и терапевтски техники до индивидуални вежби и решавање на најразлични предизвици – нејзина цел е секој клиент да се чувствува подобро, посилно и посигурно во своето тело.

Стефанија Стојанова

Основач и физиотерапевт

Мартин Крстев

Единствениот машки член на тимот, но подеднакво посветен на секој клиент и секој предизвик. Смирен, професионален и секогаш подготвен да помогне, верува дека вистинскиот пристап не е само да се отстрани болката, туку да се пронајде и реши нејзината причина. Со комбинација од корективни вежби, масажа, акупунктура, dry needling и мануелни техники, неговата цел е секој клиент да се движи полесно, да се чувствува подобро и повторно да има доверба во своето тело.

Мартин Крстев

Физиотерапевт

Јана Стојковска

Насмевката е нејзиниот заштитен знак, а посветеноста кон клиентите нејзината најголема сила. Работи со масажи, корективни вежби, акупунктура и различни мануелни техники, секогаш прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент. Со комбинација од топол пристап и професионален, цврст став, таа знае како да ве мотивира дури и кога мислите дека повеќе не можете.

Јана Стојковска

Физиотерапевт

Анамарија Андоновска

Со својата смиреност, посветеност и нежна енергија, таа создава чувство на доверба и сигурност уште од првата средба. Како физиотерапевт, преку корективни вежби, масажи и акупунктура, им помага на клиентите да воспостават баланс, да ја намалат болката и повторно да се чувствуваат добро во своето тело.

Анамарија Андоновска

Фиџиотерапевт